Сообраќајка во Прилеп, тројца повредени

Две лица потешко, а едно полесно се повредени во сообраќајната незгода што се случила ноќеска во Прилеп, соопшти МВР.

Како што стои во соопштението, на 17.01.2021 во 04.25 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.М.(24) од Прилеп и патничко возило „опел зафира“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(45) од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ф.В.(26) и Д.А.(18), двајцата од Прилеп, сопатници во возилото „мерцедес“, додека со телесни повреди се здобил возачот на истото возило, констатирани во Општата болница во Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе