Сообраќајка во центарот на Скопје, едно лице потешко повредено

Едно лице е потешко повредено во сообраќајната несреќа што се случила ноќеска после полноќ на крстосницата од булеварот „Климент Охридски“ и улицата „Димитрија Чуповски“. 

Сообраќајката се случила а помеѓу патничко моторно возило „даеву тико“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Г.(27) од Скопје и патничко моторно возило „шкода октавија“ со скопски регистаски ознаки, управувано од М.С.(39) од Скопје. Во незгодата М.С. се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

 

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе