Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(30) с.Ласкарци, скопско, и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(23) од Скопје. Во незгодата Б.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, а С.С. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.