Во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно возило „фолксваген голф” со неготински регистарски ознаки управувано од А.Н.(29) од Ресен и трактор „имт 539” со ресенски регистарски ознаки управуван од З.Ј.(53) од Ресен на кој сопатници биле М.Ј.(47) од Ресен и К.Ј.(21) од Ресен. По незгодата З.Ј. со возило на итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Битола каде му се констатирани тешки телсени повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Ресен.