Сообраќајка на патот Охрид-Ресен, повреден 70-годишен прилепчанец

Едно лице е потешко повредено во сообраќајна незгода што се случила вчера на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на депонијата Буково.

Во несреќата учествувале патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(70) од Прилеп и товарно возило „исузу“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(56) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.Л., констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

 

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе