Сообраќајка на локалниот пат за Марков манастир

Вчера во 07.00 часот на локалниот пат за Марков манастир се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(38) од с.Цветово, скопско и патничко возило „фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ч.(58) од с.Батинци, скопско.

„Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила малолетничка, сопатник во возилото „фолксваген“ по што била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Со телесни се здобиле Р.М. и сопатник од истото возило Ш.М.(41), по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје“, информираат од МВР.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе