Сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово

Сообраќајна несреќа меѓу две патнички возила марка „мерцедес“ со скопски регистерски ознаки и „фолксваген“ со косовски ознаки, се случи околу 13 часот на автопатот Гостивар-Тетово во близина на клучката на селото Тумчевиште.

Во несреќата четири сопатнички во фолксвагенот се пожалиле на повреди и биле пренесени во гостиварската болница, од каде по укажаната прва помош, се пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Тетово по овластување на јавен обвинител. 

За време на увидот, сообраќајот на автопатот во овој дел беше во прекин два часа, а возилата се пренасочуваа по околните патишта.

 

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе