Сообраќајка меѓу трактор и комбе за транспорт на леб од Скопје за Кавадарци

Повеќе наредби, меѓу кои и наредба за анализа на примероци од крв и урина на учесниците во сообраќајната несреќа, за технички преглед на возилата и сообраќајно вештачење, издаде дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци, кој изврши увид на патот Росоман-Кавадарци, на мостот на Црна Река, каде утрово се случи сообраќајна несреќа меѓу трактор и комбе наменето за транспорт на леб од Скопје за Кавадарци.

Како што информираат од Јавното обвинителство, според првичните сознанија, до несреќата дошло во момент кога тракторот и комбето се движеле во ист правец, еден зад друг.

„Притоа возачот на комбето удрил во задниот дел од тракторот, го дестабилизирал и тој излетал од патот. Во несреќата возачот на тракторот на возраст од 69 години се здобил со тешки животозагрозувачки повреди и е пренесен на лекување на скопските клиники, додека 27-годишниот возач на комбето се здобил со телесни повреди“, наведуваат од ЈО.

„На 30.03.2022 во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Росоман-Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу комбе со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(27) од Скопје и трактор со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Н.Т.(69) од Росоман. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобили двајцата возачи, констатирани во Општа болница Кавадарц“, соопштија од МВР. 

 

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе