Сообраќајка меѓу „голф“, „ауди“ и полициска „шкода јети“ во Струга, тројцата возачи повредени

Три лица, меѓу кои и полицаец се повредени во сообраќајка што се случила вчера во Струга.

Вчера околу пладне на ул.„Маркс и Енгелс“ во Струга се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со  струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(64) од Струга, патничко моторно возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(29) од с.Радолишта, струшко, и патничко моторно возило „шкода јети“ со полициски регистарски ознаки управувано од полициски службеник. Во незгодата со повреди се здобиле Љ.А., А.Ф. и полицискиот службеник, кои биле пренесени во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош.

За настанот е запознаен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга.

 

 

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе