Сообраќајка кај селото Кадрифаково, во прекин сообраќајот на патот Штип-Скопје

Сообраќајна незгода кај селото Кадрифаково на делот на автопатот од Штип кон Миладиновци го стопираше сообраќајот.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА информира дека станува збор за сообраќајна незгода меѓу два автомобила, при незгодата причинета е материјална штета, а до овој момент нема пријави за повредени лица, кои биле во автомобилите.

Несреќата се случила околу 18.30 часот. Сообраќајот на овој дел на автопатот во правец од Штип кон Миладонвци кај селото Кадрифаково од 19.15 часот е во прекин и во тек е увид од страна на истражните органи на местото на несреќата. Сообраќајот се одвива по стариот регионален пат. Додека делот од автопатот од Миладиновци кон Штип се одвива без прекин.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе