Полицијата приведе разбојници

Со закана со пиштол и нож краделе во казино

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(27) од Радовиш осомничен дека сторил кривични дела „разбојништво" и „спречување на докажување" и против М.Т.(22) и О.А.(21), двајцата од радовишкото село Покрајчево, постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво".

На 09.05.2022 во 04.00 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино на улица „Свети Спасо Радовишки" во Радовиш одзеле два коверти со исплатени тикети за кои сметале дека има пари. После тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на с.Раклиш, радовишко.

По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземенимарихуана и две дробилки со остатоци од марихуана, соопштија од МВР.

На 16.05.2022 лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе