Со закачалка, клоци и тупаници снаата натепана од сопругот и свекрвата, поднесено e обвинение

Со закачалка, со клоци и тупаници била претепана млада жена од нејзиниот сопруг и свекрвата. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен предлог против мајката и синот, кои се товарат за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

!Осомничените, мајка и син, при вршење семејно насилство телесно ја повредиле сопругата на обвинетиот, односно снаа на обвинетата. За време на семејниот ручек на 19 март, мајката и синот ја обвиниле оштетената дека краде предмети од дома и ги носи кај својата мајка, по што физички ја нападнале. Ја удирале со закачалка и со тупаници и клоци, нанесувајќи ѝ телесни повреди. Сестрата на обвинетиот успеала да ги оттргне, по што оштетената се заклучила во собата и настанот го пријавила во полиција“, се вели во соопштението на обвинителството.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе