Со воздушка пушка пукал кон другар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 21-годишен гостиварец за кривично дело, тешки дела против општата сигурност според член 292 став 3 во врска со член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„На 1 мај 2020 година, обвинетиот со испукување дијабола од воздушна пушка предизвикал значителна опасност за животот и телото на еден оштетен. Обвинетиот, оштетениот и уште четворица другари биле во викенд куќа во селото Сретково, па во еден момент обвинетиот од гаражата извадил воздушна пушка и започнал да нишани кон својот пријател. Оштетениот реагирал со барање да не го прави тоа, но обвинетиот сепак нанишанил и испукал една дијабола кон оштетениот, погодувајќи го во слабината од десната страна и нанесувајќи му тешки телесни повреди“, соопштија од ОЈО.

Од ОЈО додадоа дека, иако бил свесен дека со стореното може да настапи штетната последица, обвинетиот лекомислено сметал дека ќе може да ја спречи или дека таквата последица нема да настапи, со што го сторил наведеното кривично дело. 

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе