Како што информира МВР, на двете лица одземени им се тракторите „имт", две моторни пили и дрвата, задржани се во полициска станица и по документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
„Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера (8 септември), во 16 часот и 15 минути и 19 часот, ги лишиле од слобода Ш.Х.(48), И.Д.(27), Ј.Д.(38) и Н.Д.(30), сите од гостиварско Чегране, кои биле затекнати на локалниот пат во селото, во месноста „Јолов дол", како со возила (џипови) пренесуваат огревни дрва без потребните документи. Одземени им се две возила, дрвата и исто толку моторни пили“, информират од МВР.
Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат поднесоци по член 226 од Кривичниот законик за „пустошење на шума"