Со секира нападнат мотоциклист во Катланово

Непознато лице вчера нападнало мотоциклист со секира, замавнувајќи во задниот дел од моторот. Случајот бил пријавен од моторциклистот Ф.С. кој е на возраст од 17 години. 

Според пријавеното, додека Ф.С. управувал мотоцикл, бил повикан од непознатото лице кое со секира замавнало кон него и со секирата удрило во задниот дел од мотоциклот. Според пријавата, Ф.С избегал и за настанот го известил неговото семејство.

Кога сите заедно повторно отишле на местото го збележале лицето со нож во раката, по што заминале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе