Јавно обвинителство

Казни од по 2.000 евра за девет лица кои го прекршиле полицискиот час

Скопското јавно обвинителство побара од судот со парични казни во износ од по 2.000 евра да бидат казнети девет лица кои го прекршиле полицискиот час.

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно девет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите, во различни кривично-правни настани не го почитувале полицискиот час, па за време на забраната определена со прописите за спречување на ширењето на заразна болест се движеле на различни локации во градот.
Надлежните јавни обвинители за сите обвинети предложија парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе