На Бит пазар

Со пиштол ограбил продавница па оружјето го вперил и во полицијата

Полицијата уапси скопјанец кој откако ограбил продавница на Бит пазар, соочен со полицајците пиштолот го вперил и во нив.

Вчера во 11.10 часот на улицата „Челопек" во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода В.К.(34) од Скопје.

„Тој бил затекнат веднаш по извршување кривично дело разбојништво во продажен објект на улицата при што со закана со пиштол од сопственикот одзел пари, а откако пристигнале полициски службеници и нив им се заканил со пиштол.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 237 од Кривичниот законик“, информира МВР.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе