ПО РАСПРАВИЈА НА СОПРУЖНИЦИ

Со нож ја пробол во грбот, избегала во дворот, но ја соборил и продолжил да ја боде

Вчера во Скопје мажот по расправија со жена си ја избодел со нож неколкупати.

Како што соопштија од полицијата околу 18.20 часот, во куќа на ул. „Гвадалахара“, сопственост на  С.Х.(65), а во која привремено престојувала С.Б.(23) од Скопје со нејзините три малолетни деца, дошол нејзиниот сопруг Р.Б.(26) и по кратка семејна расправија тој со нож и нанел убодна рана во пределот на грбот.

Откако С.Б. успеала да избега во дворот, истиот ја соборил на земја и ѝ задал повеќе убодни рани во страничниот дел од телото и во градниот кош. С.Б. е пренесена во Ургентен Центар Скопје, каде што и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на КАРИЛ за понатамошно лекување, а увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје.

Од страна на полициски службеници Р.Б. е лишен од слобода и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе