Со нож го пробол зетот

Вчера во 10.05 часот во полициската станица-Тетово, од Клиничка болница Тетово било пријавено дека е донесен 42-годишниот А.А. од кичевското село Зајас, со повреди нанесени од остар предмет во пределот на левото рамо и во левата надколеница.

Според полицијата од извршениот разговор со А.А. било утврдено дека повредите со нож му ги нанел М.Д. (30) од с.Горно Строгомиште. Сторителот М.Д.  сам се пријавил во полициската станица-Тетово и истиот го признал делото.

Како причина за делото ја навел здраствената состојба на неговата сестра Р.А. (сопруга на А.А.), која била на лекување на интензивна нега. Во моменти на психичка растроеност, сметајќи дека А.А. е виновник за нејзината состојба, со ножот му задал два удари, по што избегал од местото на настанот.

Тетовската полиција презема мерки и активности за целосно расчистување и документирање на настанот, кој од страна на Јавен обвинител е квалификуван како кривично дело убиство во обид.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе