Тешка сообраќајка во Куманово

Со мотоцикл удрил во бетонска ограда, па во паркирано возило

Момче од Куманово со тешки телесни повреди било донесено во болница откако доживеало сообраќајна несреќа со мотоцикл.

„Вчера околу 00:40 часот на ул. „Пиринска Македонија" во Куманово се случила сообраќајна незгода во која 23-годишниот Д.Г. од Куманово, управувајќи моторцикл „Априлја" со дебарски регистарски ознаки изгубил контрола над моторциклот, излетал од коловозот и удрил во железно-бетонска ограда, а потоа удрил во паркирано патничко моторно возило „пежо" со кумановски регистарски ознаки. По незгодата на Д.Г. му биле констатирани тешки телесни повреди и со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза" за укажување на лекарска помош. Увид е извршен од страна на екипа од СВР Куманово а за настанот е запознает и јавен обвинител“, информираат од МВР.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе