И.Д.(52) од Виница вчера на ул.„Браќа Миладинови“ во Виница, управувајќи мопед „пежо“ со винички регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.
Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас.