Со метална шипка нападнал возач поради недоразбирање во сообраќајот

Основното јавно обвинителство-Гостивар поднесе обвинителен предлог против 20-годишен гостиварец кој се товари за кривично дело „насилство“. Со делото обвинетиот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв и кај други присутни лица. 

Како што соопшти Јавното обвинителство, по кратко сообраќајно недоразбирање со друг возач, на 25 април, обвинетиот, заедно со уште две непознати лица, го нападнале оштетениот. 

Притоа, обвинетиот со метална шипка го удрил оштетениот во задниот дел од главата, со што му нанел телесна повреда-нагмечување и нагмечно-расцепна рана.

Откако му била укажана лекарска помош, оштетениот го пријавил настанот во полиција.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе