Со „мерцедес“ удрил пешак и избегал

Скопјанецот М.Ц. (40) околу 2 часот на новогодишната ноќ бил удрен од автомобил „Мерцедес" на булеварот „Јане Сандански" во Скопје.

Возачот на автомобилот по несреќата го напуштил местото на настанот.

„По незгодата пешакот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники "Мајка Тереза" каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди. Извршен бил увид од страна на СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот“, информираат од полицијата.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

НАТО и ЕУ требаше да им укажат на своите членки Бугарија и Грција дека тоа што го бараат претставува брутално кршење на човековите права.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе