Кривични пријави за фалсификувано уверение за време на развод

Со лажен документ ја направиле мајката психички болна за да ѝ го земат детето

Три лица заработија кривични пријави за лажно издадено уверение. Осомничени се дека во текот на бракоразводна постапка која траела во 2019 година, направиле фалсификуван документ за лажна психичка болест кај мајка на која сакале да и го земат детето.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.Ш.(61) од струшко, А.А.(23) од струшко и А.М.(28) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „издавање и употреба на невистинито лекарско уверение".

Во текот на 2019, А.А. со цел да го добие детето во бракоразводна парница, решил да обезбеди невистинито лекарско уверение дека неговата поранешна сопруга е психички болна и ја ангажирал А.М., негова сестра да му обезбеди лажно лекарско уверение.

На 03.12.2019 година, без присуство на оштетената, која се наоѓала надвор од државата, извадила уверение кое му го предала на нејзиниот брат да го приложи како доказ во Меѓуопштински центар за социјални работи, кое го примил Е.Ш..

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе