Со „фиќо“ излетал од патот и удрил во дрво, двајца повредени

На патот с.Маково-с.Старавина пред крстосницата за с.Старавина, мариовско, вчера патничко моторно возило „застава 750“ со битолски регистарски ознаки управувано од Т.С.(78) од Битола, излетало од патот и удрило во дрво.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Д.С.(75) од Битола, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Битола.

 

 

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе