Со фалсификувани документи „умреле“ жив човек за да наследат имот

До Основното јавно обвинителство Скопје се поднесени кривични пријави против Т.Х.(43) од Скопје, осомничен за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување", и В.Т.(55) од Скопје, осомничена за кривично дело „потикнување".

Како што информира МВР, првопријавениот Т.Х. во својство на службено лице – матичар во Управата за водење на матичните книги во Скопје, во текот на август 2020, поттикнат од второпријавената В.Т., ја злоупотребил својата службена положба и овластување и постапил спротивно на процедурата за пријавување починато лице и издавање извод од матична книга на умрени и спротивно на член 21 од Законот за матична евиденција.

„Тој од второпријавената не ја обезбедил соодветната потребна документација за впишување смрт и издавање Изводи од матична книга на умрени, односно со нецелосна документација ја впишал смртта на М.С. (брат на второпријавената) и впишал смрт на Љ.С. (мајка на второпријавената) иако таа е жива, а потоа издал и Изводи од матична книга на умрени, кои В.Т. на незаконит начин ги искористила за поведување оставинска постапка прикажувајќи се како единствен наследник, со цел стекнување значителна имотна корист за себе во вредност од 27.323.299 денари (444.281 евра), на штета на О.Б.С. (сопруга на М.С.) и нивните три деца“, соопшти МВР.

Кривичните пријави против двете лица ги поднесе Единицата за финансиски криминал во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе