МВР информира

Со две возила оделе низ Тетово и кинеле изборни плакати

Ноќеска по полноќ во Тетово неколку лица со автомобили се движеле низ градот и уништувале изборен материјал на една политичка партија, соопшти полицијата која по пријава од граѓани ги запрела возилата.

„Денеска  во 01.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека од неколку лица, кои се движеле со две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки, е извршено оштетување на изборен рекламен материјал на политичка партија на неколку различни локации. Возилата биле сопрени од полициски службеници на СВР Тетово и било утврдено дека возилото 'ауди' го управувал М.Т.(63) од Тетово, а возилото 'голф' го управувал Џ.К.(34) од тетовско. Во возилата биле уште две лица. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе