Хроника

Со автомобил удрила во ограда од двор, со тешки повреди пренесена во болница

Претпладнево во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која автомобил удрил во ограда од двор, а 34-годишната жена - возач е пренесена во болница. Во судар на две возила во кумановско повредени се четири лица.

МВР информира дека во 1 часот по полноќ било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Лука Геров" и „Тиранска", патничко моторно возило „хјундаи" со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(34) од село Визбегово, скопско, удрило во ограда од куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Д., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза". 

Во СВР Куманово пак, синоќа било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје, на место викано „Голубова куќа", атар на село Љубодраг, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди" со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(50) од село Матејче и патничко моторно возило „форд" со швајцарски национални ознаки, управувано од Ј.А.(65) од село Никуштак.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „ауди" З.И.(65) од село Матејче, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците од двете возила В.А.(21) од село Ропаљце, А.А.(62) и Ќ.А.(63), двајцата од село Никуштак, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово“, велат од МВР.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе