Со ауди им бегал на полицајците оти криел кокаин

На улицата „Џон Кенеди“ во Скопје синоќа околу 22:15 часот од страна на полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција лишен е од слобода М.М.(30) од Скопско.

Откако полициски службеници се обиделе да сопрат патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, М.М., управувајќи го возилото, се дал во бегство, при што удрил и оштетил службено полициско возило.

Откако бил запрен, при извршен преглед во возилото било пронајдено пакување со кокаин, дигитална вага за мерење и предмети со остатоци од кокаин.

Лицето е приведено во полициска станица и во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе