Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 89 возачи. Од нив, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
На територија на СВР Куманово за брзо возење казнети се 81 возач, од нив 57 во Куманово, 14 во Крива Паланка и 10 во Кратово.
На територијата на СВР Тетово денеска од 14 до 20 часот изречени се вкупно 109 мерки за пребрзо возење, од нив во тетовскиот регион -35 и 74 во гостиварскиот регион.Триесет и пет од мерките се однесувале на возење со поголема брзина од максимално дозволената надвор од населено место, од кои четири возачи дозволената брзина ја надминале за повеќе од 70 киломери на час.
МВР информира и дека на подрачјето на СВР Штип e спроведена акциска контрола за време на која биле констатирани 161 прекршоци за брзо возење, од кои 93 надвор од населено место и 68 во населено место. Од нив 101 во Штип, 16 во Свети Николе, 11 во Кочани...
На територијата на СВР Битола санкционирани се 115 возачи. 33 санкции се изречени на територија на Битола, 27 санкции на територија на Прилеп, 40 на територијата на Ресен, 6 санкции на територија на Демир Хисар, 7 во Македонски Брод и 2 Крушево.