Полициска радарска контрола

Со 200 км на час се возеше по скопската обиколница и на автопатот Скопје - Велес

За време на радарска контрола на сообраќајната полиција од 14 до 20 часот на скопската обиколница и на автопатот Скопје – Велес изречени им се казни на 79 возачи за многу брзо возење. Како што информира МВР, 62 возачи возеле со брзина од 50 километри на час над пропишаната, а 17 возачи возеле со брзина од 70 километри на час над дозволената, односно блиску и над 200 километри на час. За брзо возење казнети се и возачи на патиштата кај Тетово и Гостивар, како кај Куманово.

МВР информира дека во истиот временски период санкционирани се 63 возачи, од кои 39 на територија на Тетово, а 24 на територија на Гостивар. Според радарската контрола, 52 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а осум за дури над 70 километри на час над дозволената.

На подрачјето на СВР Куманово спроведена e исто така, засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 53 возачи.

МВР предупредува дека продолжува со засилените сообраќајни контроли и апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе