Снимки од грабежот на казиното „Вегас“, ни трага ни глас од разбојниците

На 22 ноември во казино на магистралниот пат Скопје - граничен премин Блаце две лица со пиштоли, истрелан куршум и заканa одзеле пари и мобилни телефони.

„Пред пет часот наутро, две маскирани лица, со црн „пасат" без регистарски таблички, се паркираа пред казиното, со пиштоли влегоа во казиното и испукаа еден куршум. Според начинот на движење, начинот на кој ракуваа со пиштолите, се закануваа на гостите, очигледно е дека се работи за добро обучени, вешти лица, можеби и полицајци", изјави тогаш за МКД.мк еден од вработените во казиното „Вегас".

Според неговото сведочење се работи за голема пљачка, украдени биле близу 80.000 евра, но за среќа никој не бил повреден, вели тој.

Дваесетина дена потоа, од разбојниците нема ни трага ни глас. Снимките уште тогаш биле предадени на полицијата, па сопствениците на казиното очекуваат некаков резултат од нивната истрага.  

 

 

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе