Снаа го усмртила свекорот додека се паркирала во двор
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера се случила голема трагедија во 13.30 часот во скопското село Глуво. Жената движејќи се во двор од куќа со патничко моторно возило опел астра со скопски регистарски ознаки, удрила во својот свекор Б.С. (84), кој веднаш починал.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено во Судска медицина за обдукција, информираат од полицијата.
Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.