ОЈО Гостивар поднесе обвинителен акт

Службеник во општина Маврово изготвил лажен план за изградба во Маврови Анови

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира Јавното обвинителство (ЈО), обвинетиот, како службено лице – раководител на одделение за урбанизам во општината Маврово Ростуше, ги пречекорил службените овластувања и на 02.10.2014 година, по свое лично поднесено барање, завел предмет кој не постои во архивата на Општината, па изготвил извод од план за населбата Маврови Анови со невистинита содржина и спротивен на урбанистичкиот план за населбата.

„Изводот од планот за три катастарски парцели во Никифорово, со вкупна површина од 203 квадратни метри, го употребил за приватизација на градежно земјиште без надоместок, по основ на поранешна сопственост. По поднесеното барање, врз основа на лажните документи, парцелите биле впишани на име на обвинетиот, со што била оштетена државата за 1.248.450 денари, а друго оштетено лице на кое парцелите му следувале согласно вистинскиот урбанистички план, било оневозможено да ги приватизира“, соопшти ЈО.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе