Словенец приведен на аеродром во Скопје

Вчера околу 19 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, полицијата го привела 37-годишниот Д.Ѓ. од Словенија затоа што агресивно се однесувал и ги навредувал полициските службеници кои вршеле службени дејствија, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што е наведено во полицискиот билтен, тој бил задржан во полициското одделение Петровец и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе