Како што соопшти службата за информирање на Град Скопје, контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 360 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 36 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.
Град Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг" апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.
„Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со 'греб' картичка", велат од Град Скопје.