Синоќа, малку по 20 ласот, во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓурчин Кокале", патничко возило „мерцедес", со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(35) од Скопје, удрило во неколку паркирани патнички возила – „фиат пунто" со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Ј.(33), „бмв" со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.Н.(28), „шевролет авео" со скопски регистарски ознаки, сопственост на Л.И.(63) и „опел астра" со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.И.(32), сите од Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Во сообраќајната несреќа со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во клиниката „Мајка Тереза". Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, соопштија од МВР.