Скопјани нападнати со стаклен предмет на плажа во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со стаклен предмет нападнал двајца скопјани на плажата „Сараиште" во Охрид. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Синоќа во 00,30 часот, на плажата „Сараиште" во Охрид,нарушен е јавниот ред и мир со физички напад и употреба на стаклен предмет, извршен од Л.Ч.(23) врз Љ.Д.(24) и Д.Ј.(24), сите од Скопје. Љ.Д. и Д.Ј. со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Охрид а напаѓачот е приведен, велат од полицијата.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе