Скопјанец заврши во притвор оти во куќата на мајка му одгледувал марихуана

Дебарското одделение за внатрешни работи, кое со својата активност ја покрива општина Центар Жупа, поднесе кривична пријава против скопјанец, кој во куќа сопственост на неговата мајка, во село Долно Мелничани, општина Центар Жупа, одгледувал марихуана.

„Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори" ОВР Дебар поднесе кривична пријава против О.З.(45) од Скопје. При претрес извршен на четврти овој месец, во куќа, сопственост на неговата мајка, во селото Долно Мелничани, општина Центар Жупа, полициските службеници пронајдоа насади со 24 стебла од растението канабис“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додаде дека полициските службеници пронашле и пет стебла насадени во пластични саксии, кои пријавениот ги одгледувал и со чија обработка, може да се добијат производи кои се користат како опјна дрога-марихуана и хашиш.

Според Димоски, на О.З. одредена му е мерка притвор до 30 дена.

Во однос на сообраќајот, тој рече дека вчера од 10 до 15 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници регистрирале и санкционирале двајца пешаци поради небезбедно преминување улица односно преминување коловоз надвор од пешачки премин.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе