Скопјанец заработи кривична пријава за измама

СВР Штип, до ОЈО Штип, поднесе кривична пријава против А.Љ.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „измама" и „оштетување или повластување на доверители". Пријавениот, во текот на декември 2019 година ги довел во заблуда одговорните лица на три правни лица од Штип, соопшти денеска МВР.

Тој од нив порачал и во неколку наврати набавил трговска стока преку фактура во вкупен износ од 2.099.981 денари, лажно претставувајќи се како сопственик и управител на позната и голема фирма (која не постои и никогаш не постоела) од Скопје, a која обавува иста или слична дејност со тие фирми. За тој износ ги оштетил фирмите, се појаснува во соопштението.

Во текот на октомври 2019, застапувајќи правно лице од Скопје, со претходно дадени овластувања во име и за сметка на правното лице, ополномоштен на 27.01.2017 од управителот, се подвлекува, иако знаел дека правното лице е неспособно за плаќање со блокирана сметка и во постапка за ликвидација, во два наврати од друго правно лице од Штип набавил 150 парчиња канти за отпадоци во вредност од 200.010 денари, кои веднаш ги продал на црно со што го оштетил доверителот за неведениот износ.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе