Скопјанец загина во сообраќајка

Скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево околу 13:30 часот во близина на кичевското село Длапкин Дол. Повредени се уште три лица од кои една жена потешко и е пренесена во Медицинскиот центар во Кичево.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека до несреќата дошло при судар на возило марка „хонда" со скопски таблички и „опел астра" со тетовски таблички.

Животот го загубил 62-годишен скопјанец, а двајцата сопатници кои биле со него во возилото „хонда" се полесно повредени. Во опел астрата потешко повредена е жена, но таа е надвор од животна опасност.

Во тек е увид од страна на полициските службеници и јавен обвинител. 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе