Скопјанец вооружен се возел низ Чаир

Секторот за внатрешни работи Скопје-Единица за недозволена трговија поднесе кривичнa пријавa против И.К.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи".

Завчера од страна на полициски службеници на ул. „Џон Кенеди“ во општина Чаир, сопрено било моторно возило управувано од осомничениот.

По извршениот  преглед, под седиштето пронајден бил пиштол, празна рамка и празна кутија за муниција.

„Лицето било лишено од слобода во полициската станица Бит Пазар, а врз основа на судска наредба, извршен бил претрес во неговиот дом, при што пронајден бил еден револвер 357 Магнум (4,5мм) и шест куршуми  непозната марка и калибар за кои таткото на пријавениот се изјаснил дека биле негова сопственост. Пронајдените предмети со потврда се одземени за вештачење“, информираат од МВР.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе