Наредба за спроведување на истрага

Скопјанец во џеб и под седиште криел 612 куршуми муниција за пиштоли

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„На 9 мај 2019 година на магистралниот пат Кичево-Гостивар, при претрес на возило во кое осомничениот 24-годишен жител на Скопје се превезувал како сопатник, биле пронајдени вкупно 612 куршуми муниција за пиштоли со различен калибар. Муницијата била пронајдена во џебовите на осомничениот и под седиштето во автомобилот“, соопштија од Обивинителството.

Наведоа дека, ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе