Поднесено обвинение за кражба

Скопјанец украл паричник од жена додека стоела на автобуска станица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 36-годишен скопјанец за сторено кривично дело кражба. Обвинетиот вчера, на автобуска станица на булеварот „Крсте Мисирков", одзел паричник од ташна на женско лице. Во паричникот имало пари, документи, картички и други предмети, во вкупна вредност од 8.870 денари.

„Бидејќи во конкретниот случај постои опасност од бегство на обвинетиот кој и претходно е осудуван за истородни кривични дела, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог за определување мерка притвор, со цел да се обезбеди непречено одвивање на кривичната постапка против обвинетото лице“, наведува ЈО.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе