Поднесено обвинение

Скопјанец украл „БМВ“, па со боксирач ги нападнал полицајците што дошле да го апсат

По спроведување на истражната постапка, надлежен јавен обвинител до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 29-годишен скопјанец, кој се товари дека сторило кривични дела - тешка кражба и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

„Обвинетиот 29-годишен скопјанец делата ги сторил на 21 јули, кога забележал две лица, оштетениот и неговата сопруга, како го паркираат нивното возило марка „БМВ Х5“ наспроти ТЦ „Мавровка“ во Скопје и се оддалечуваат. Во тој момент, обвинетиот со погоден предмет – калауз ја отклучил заклучената врата на возилото и заедно со уште едно засега непознато женско лице го стартувал возилото и започнал да се движи. Кога сторителот со возилото се приближил до првата раскрсница бил забележан од сопственикот на возилото. Оштетените започнале да трчаат по возилото, го престигнале и се обиделе да го сопрат обвинетиот. Но и покрај обидите и вклученото црвено светло на семафорот, тој продолжил да управува со возилото, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

По пријава на кривичниот настан, полицијата веднаш презела мерки за пронаоѓање на возилото. Откако дознале дека обвинетиот заедно со украденото возило се наоѓа во населбата Маџари, двајца полициски службеници со службено возило „Шкода Јети“ и вклучени ротациски светла, се упатиле кон него.

Го пресретнале и се обиделе да му го попречат натамошното движење, го сопреле возилото и се обиделе да го извадат обвинетиот надвор. Притоа обвинетиот најпрвин со возилото во движење удрил во полициското возило, за потоа и физички со опасно орудие – боксирач со бодеж да ги нападне двајцата полицајци и да им нанесе телесни повреди. Во акцијата за совладување на сега обвинетиот се придружило и трето службено лице полицаец, по што тој бил приведен со цел обезбедување на натамошниот тек на кривичната постапка.

Надлежниот јавен обвинител заедно со обвинителниот акт до Основниот кривичен суд Скопје доставил посебен предлог за продолжување на мерката притвор против обвинетиот, бидејќи ценел дека постои опасност од бегство, дека е можно осомничениот да го повтори кривичното дело, како и дека постои оправдан страв дека ќе ја попречува постапката со влијание врз сведоци.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе