Скопјанец со „голф“ превезувал шестмина мигранти

Вчера на автопатот А1 во правец Смоквица-Демир Капија од полициски службеници од Полициска станица Богородица е лишен од слобода И.Б.(26) од Скопје, кој во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки превезувал шест лица-мигранти од Сирија и Авганистан.

Како што соопшти МВР, И.Б. при обид да биде сопрен од полициски службеници, не застанал, и на место викано „Црвени брегови“ со возилото удрил во патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.К. од Гостивар. Известен е јавен обвинител. И.Б. е задржан во Полициска станица Неготино и по насока на јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 418-б,ст.2 од Кривичниот законик.

 

 

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе