Сообраќајка во Автокоманда

Скопјанец со автомобил излетал од патот и удрил во дрво

Дваесет и петгодишен жител на скопско Арачиново со автомобил излетал од патот и се забил во дрво. Несреќата се случила вчера на булеварот во Автокоманда, а возачот здобил тешки телесни повреди.

Вчера во 11 и 20 часот во полиција било пријавено дека на булеварот Александар Македонски автомобил „сеат ибица" со скопски регистерски таблици, управуван од А.А.(25) од село Арачиново, излетал од коловозот и удрил во сообраќаен знак, а потоа и во дрво.

Во незгодата А.А. се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники „Мајка Тереза". Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе