Скопјанец приведен откако полицијата му нашла ќеса со марихуана

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје вчера во 19 часот го лишиле од слобода Е.М.(40), кој на подрачјето на Ѓорче Петров нудел за продажба марихуана. Е.М. бил пресретнат од инспектори од Единицата за недозволена трговија со дрога, кои при негов преглед, пронашле и одзеле ќеса со марихуана, која му била подготвена за понатамошна продажба, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Лицето, како што се посочува, е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропно супстанци и прекурсори". Кривичното дело е предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе