Скопјанец пријавил дека со истрел од воздушна пушка му го раниле кучето

Непознат напаѓач од воздушна пушка пукал во домашно куче и го погодил во стомакот, во неделата во скопската населба Гоце Делчев.

Според полицијата, скопјанецот Г.Д.(45) вчера во 11 часот во ПС Гази Баба,

пријавил дека во неделатаб во периодот од 23 до 23.30 часот на улицата 203 во населбата Гоце Делчев, непознат сторител со воздушна пушка пукал во неговото куче и го погодил во стомакот.

Тој го однел кучето во ветеринарна болница, а по укажаната помош било вратено дома. 

Полицијата го бара сторителот и го расчистува случајот.

                                                                                                        

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе