МВР информира

Скопјанец превезувал мигрант Сомалиец, а бил баран за друго кривично дело

Скопјанец вчера бил уапсен кај Табановце откако полицијата во неговиот автомобил пронајде мигрант од Сомалија. Подоцна полицијата утврди дека уапсеното лице било веќе барано за друго сторено кривично дело.

„Вчера во 11.40 часот на автопат Куманово - граничен премин Табановце, во близина на обиколницата  кај Табановце, полициски службеници од  Сопот го лишиле од слобода М.М.(31) од Скопје. При преглед во возилото 'фолксваген пасат', со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, превезувал едно лице - мигрант од Сомалија.

При дополнителни проверки било констатирано дека М.М. се бара по наредба за сторено кривично дело 'измама', казниво по член 247 став 3 во врска со став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Куманово и против него е поднесена кривична пријава по член 418-б ст.2 од Кривичниот законик, за 'криумчарење на мигранти'. Лицето-мигрант е сместено во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка“, информира МВР.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе